Дома Фудбал Алегри: Ако обезбедиме пласман во ЛШ со 15 бода казна, е исто како да сме освоиле три титули

Алегри: Ако обезбедиме пласман во ЛШ со 15 бода казна, е исто како да сме освоиле три титули

Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри смета дека ќе биде исклучително достигнување за тимот доколку обезбеди пласман во Топ 4 и покрај казната.

Јувентус беше казнет со 15 бода поради финансиски малверзации и падна на средината на табелата.

Меѓутоа, „бјанконерите“ влегоа во одлична серија и се привлижија до 4-то место на табелата, кое и покрај казната сега е достижно.

„Борбата за ЛШ е невозможна за нас. Имаме 50 бодови освоени на терен, со толку би биле втори, но не треба да ги гледаме првите четири, бидејќи се многу пред нас. Да се пласираме во ЛШ после одземени 15 бодови, би било како да сме освоиле не една, туку три титули“, изјави Алегри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од европски трофеј до отказ: Арсенал ја смени Слегерс по историски лошата серија

Рене Слегерс заминува само десет месеци по потпишувањето договор до 2029 година. Арсенал е…