Дома Фудбал Алвеш несвесно откри – Погледнете што ќе добијат фудбалерите на Јуве доколку ја освојат ЛШ

Алвеш несвесно откри – Погледнете што ќе добијат фудбалерите на Јуве доколку ја освојат ЛШ

Љубителите на фудбалот вечерва конечно ќе дојдат на своето, бидејќи се игра големото финале во ЛШ во кое силите ќе ги одмерат Јувентус и Реал Мадрид.

Финалето на ЛШ во Кардиф со нетрпение се чека веќе неколку недели и многумина се убедени дена не чека спектакуларен натпревар. Јувентус има прилика со тројна круна да ја заврши сезоната, додека „Кралскиот“ клуб со освојувањето на титулата би станал првиот клуб во историјата на ова натпреварување кој го одбранил трофејот.

Мотивација за вечерашниот натпревар има и повеќе од доволно. Но, претседателот на Јувентус, Андреа Ањели, има уште еден начин за дополнително да ги мотивира играчите за натпреварот со Реал. Иако веројатно не сакаше оваа вест да дојде до јавноста, на крајот Дани Алвеш ги расипа плановите.

„Претседателот на клубот, Адреа Ањели вети дека на секој играч ќе ни купи ново Ферари доколку вечерва ја освоиме ЛШ. Секако дека тоа е дополнителна мотивација, барем за мене“, изјави Алвеш.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Два гола во надополнувањето за спас: Јунајтед до 4:4, но остана во опасната зона!

Астон Вила двапати имаше предност од два гола, но Зиргзе и Доргу му донесоа бод на Јунајте…