Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Алваро Мората би можел да си оди од шпанската престолнина по крајот на оваа сезона.
„Марка“ пишвуа дека со евентуалното доаѓање на Единсон Кавани на „Ванда Метрополитано“ шпанскиот напаѓач ќе добие „зелено светло“ да го напушти клубот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Италијанските медиуми тврдат дека Мората може да се врати во Серија А бидејќи најголем интерес за него покажува Интер.
„Нероаѕурите“ бараат замена за Лаутаро Мартинез, кој е пред трансфер во Барса, па Конте смета дека Мората би бил идеален партнер на Ромелу Лукаку во нападот.
Мората е отворен за враќање во Италија и би можел повторно да соработува со Конте, а Атлетико за неговата слобода бара помеѓу 50 и 60 милиони евра.