Дома Фудбал Алба стави потпис и порача: Ќе играм на ова ниво уште 5 години!

Алба стави потпис и порача: Ќе играм на ова ниво уште 5 години!

Дефанзивецот на Барселона, Жорди Алба денес и официјално стави потпис на нов договор до 2024 година.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Шпанскиот репрезентативец кој ја игра седмата сезона на „Камп Ноу“ доби значително зголемивање на платата, а новата откупна клаузула во неговиот договор ќе изнесува 500 милиони евра.

Алба за неколку дена ќе наполни 30 години, но денес вети дека и во наредните пет години ќе игра на највисоко ниво.

„Многу сум благодарен на клубот. За мене ова е многу емотивен момент. Сакам да продолжам да се борам на теренот на истиот начин како до сега. Новиот договор нема ништо да промени, бидејќи ќе продолжам да играм на ова ниво и наредните пет години“, изјави Алба.

„Како тим ќе продолжиме да се бориме за сите трофеи. Понекогаш е тешко, но немаме намера да се откажеме. Мојот сон секогаш беше да бидам дел од ваков тим, а овој договор е награда за мојот труд“, додаде левиот бек.

Алба на крајот истакна дека се надева дека и Лео Меси ќе остане во Барселона до 2024 година.

„Многу израснав и напредував покрај него. Би сакал уште долго да играме заедно“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лариса Рикелме повторно се појави и ги поздрави фановите (Фото)

Лариса Рикелме повторно се појави. Во Јужна Африка во 2010 година стана планетарен хит, де…