Дома Фудбал Германија Алаба проговори за својата иднина: Имам три опции…

Алаба проговори за својата иднина: Имам три опции…

Фудбалерот на Баерн Минхен, Давид Алаба најави дека е можно да го напушти клубот.

Ако не ја сметаме шестмесечната позајмица во Хофенхајм, Алаба целата своја досегашна кариера ја помина во Баерн со кој освои три трофеи, но на епизодата во Минхен може да и дојде крај на крајот од сезоната.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


За сега нема сериозни преговори околу можно продолжување на соработката, а играчот најави три опции за кои размислува.

„Авантура во МЛС и запознавање на оваа култура, враќање во Австрија, која е мој дом, или можеби ќе останам во Баерн. Тоа се трите опции, ќе видиме.“ – порача Алаба.

Алаба додаде дека во текот на овие шест години се чуствувал одлично во Баерн и дека моментално е единствениот клуб на кој е фокусиран.

„Фудбалот денеска е брз и се може да се случи, а моментално ни самиот не знам како ќе се одвиваат работите.“

Алаба во дресот на Баерн одигра 372 натпревари, постигна 30 погодоци и запиша 48 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Барселона се засилува со ѕвездата на Манчестер Сити!?

Бернардо Силва е голем фан на Барселона, каде впрочем живее и дел од неговото семејство, а…