Давид Алаба денес и официјално потврди дека на крајот од сезоната заминува од Баерн Минхен.
Алаба со Баерн освои се што можеше да се освои, а во Минхен пристигна уште пред 13 години. Но, на крајот на оваа сезона ќе го напушти Баерн како слободен играч бидејќи му истекува договорот.
Овој 28 годишник денес ја потврди одлуката.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Донесов одлука да го напуштам Баерн на крајот на оваа сезона затоа што сакам да пробам нешто ново. Очигледно тоа не беше лесна одлука, тука сум 13 години и овој навистина ми значи многу“, порача Алаба.
Според најавите нов клуб на Алаба би требало да биде Реал Мадрид.
🗣️ @David_Alaba: "I have made the decision to leave FC Bayern at the end of this season and try something new. It obviously wasn't an easy decision – I've been here for 13 years and the club means a lot to me."#MiaSanMia pic.twitter.com/uhKUbiKp4n
— 🇺🇸 FC Bayern US 🇨🇦 (@FCBayernUS) February 16, 2021