Дома Фудбал Италија Активирана клазула: Јувентус плаќа скоро 30 милиони евра за напаѓачот кој направи глупост против Рома

Активирана клазула: Јувентус плаќа скоро 30 милиони евра за напаѓачот кој направи глупост против Рома

Moис Кин изминатиот викенд се најде во центарот на вниманието откако направи глупост и по неполна минута помината на теренот заработи црвен картон во дербито против Рома (ТУКА). Сега пристигнуваат вести дека Јувентус го откупил неговиот договор, односно била активирана договорената клазула.

Имено, Кин беше играч на Евертон и во Јувентус досега настапуваше како позајмен фудбалер. Познатиот Фабрицио Романо пренесува дека условите од клазулата во договорот биле исполни и Евертон ќе добие сума од 28 милиони евра


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Интересно е што за Кин Јувентус плаќа пола милион повеќе отколку што доби за него кога го продаде летото 2019 година. Кин не се снајде во Премиер лигата и во една година постигна само четири гола. Во 2020 година следуваше позајмица во ПСЖ каде што почна да игра во добра форма и постигна 17 голови.

Летото 2021 година се врати во Јувентус како позајмен фудбалер, а Евертон доби седум милиони евра. Сега Евертон ќе ги добие споменатите 28 милиони евра. Сезонава Кин на 32 натпревари постигна седум голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Фудбалерот на Челзи изненади со пораката по голот против Тотенхем

Фудбалерите на Челзи вчера го совладаа тимот на Тотенхем со 2:0 во натпреварот од англиска…