Тимот на Шкендија веќе пет натпревари нема постигнато гол.
После натпреварите во европските квалификации тетовци не постигнаа гол и во натпреварот против Тиквеш во првото коло од ПМФЛ. Повратникот на клупата, Бруно Акраповиќ порача дека Шкендија мора да работи на реализацијата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Фудбалот се игра за голови, а ние против Тиквеш се изнапромашувавме, креиравме 100% шанси, но не ги реализиравме. Имам почит кон секого, но мораме да работиме на тој дел“, изјави Акраповиќ по ремито.
Ќе потсетиме, Шкендија не успеа да постигне голови во натпреварите со Мура и Рига, а по тие два двомечи отказ доби тренерот Ернест Ѓока.