Дома Трансфер зона Ако трансферот е договорен зошто тогаш Де Лихт се премислува?

Ако трансферот е договорен зошто тогаш Де Лихт се премислува?

Каталонското радио вчера објави дека Ајакс и Барселона го договориле трансферот на најдобриот млад стопер во светот за оштета од 75 милиони евра, но дека Матијас Де Лихт се уште се мисли.

Една од најголемите ѕвезди на летниот преоден рок тоа го потврди и во интервју за спортскиот дневник „Мундо Депотриво“.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


„Морам добро да размислам и да одлучам дали ми е време за трансфер во Барселона. Сакам да играм, а не да седам на клупа. Парите не ми се важни, ниту пак ме плаши конкуренцијата“, изјави Де Лихт.

Кога во прашање е конкуренцијата, Де Лихт во Барселона го чекаат Пике, Умтити, Легле и Тодибо. Но кога Барселона плаќа толкава сума за него сигурно не го доведува да биде резерва.

Освен тоа, Де Лихт во Барселона го чека Френки Де Јонг со кој заедно играше во Ајакс оваа сезона. Со оглед на сето тоа и тоа дека Барселона е еден од најголемите клубови во светот во последните години тогаш логично е да се запрашаме: Зошто се уште Де Лихт се премислува?

Шпанците пишуваат дека има две причини: Неговиот менаџер Мино Раиола и богатата понуда од ПСЖ поради која контроверзниот агент сака да го однесе во Париз.

Секако, тоа не значи Де Лихт нема да премине во Барселона, само дека литицирањето за него во кое неодамна се вклучи и Ливерпул ќе продолжи уште некое време.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид го враќа Тео Хернандес

Реал Мадрид сака на лето да го врати во своите редови левиот бек на Милан, Тео Хернандес, …