Дома Фудбал Ако се водиме по традицијата Барса со овој пораз најави супер сезона

Ако се водиме по традицијата Барса со овој пораз најави супер сезона

Вечерва Барселона ја отвори новата сезона во Ла Лига и тоа со пораз од Атлетик Билбао.

Барселона за прв пат после повеќе сезони на отварањето на сезоната не можеше да смета на Лионел Меси кој заработи повреда пред десетина дена. Отсуството на Меси се почуствува и во играта на Каталонците.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дополнителен проблем на Барса и се случи во првото полувреме кога се повреди Луис Суарез, на негово место влезе Рафиња.

Клучниот момент на натпреварот се случи во 88-та минута кога на теренот кај Билбао влезе ветеранот Адуриз кој само една минута подоцна со спектакуларен гол го матираше Тер Штеген.

Она што е интересно во вечерашниот пораз на Барселона е традицијата која го вели следното: Барселона последен пат сезоната со пораз ја започнала во 2008 година, а тогаш предводени од Пеп Гвардиола Каталонците таа сезона ја завршија со шест освоени трофеи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…