Антонио Конте во последно време е под константен притисок од англиската јавност, а сега во медиумите се појави ново име како негов потенцијален наследник.
Ако навивачите на Челзи беа изненадени од тоа што Маурицио Сари од Наполи е еден од кандидатите сигурно со неверување ќе ја примат вест од „Sunday Express“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Според споменатиот медиум екипата на Челзи би можел да ја превземе поранешниот стратег на Ливерпул, а сегашен на Селтик – Брендан Роџерс!
Интересно е што почетокот на тренерската кариера на Роџерс е поврзан со Челзи. Тој четири години беше кординатор во младинските категории на „сините“ (2004-2008), а ја извршуваше и функцијата помошник на Жозе Мурињо во неговиот прв мандат на „Стенфорд Бриџ“.
Пред Селтик, 45 годишниот тренер од Северна Ирска ги водеше Ливерпул, Рединг и Вотфорд.