Неодамна македонската фудбалска икона Горан Пандев најави дека актуелната е негова последна сезона во кариерата.
Како што најави нашиот капитен по Европското првенство со Македонија ќе се прости од професионалното играње фудбал. Ваквата изјава на Пандев ја коментираше неговиот тренер во Џенова, Давиде Балардини.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Пандев носи ентузијазам на тренингот и натпреварите кога атмосферата не е на поскуваното ниво. Ако тој навистина сака да се откаже, јас ќе го пријавам. Не смее тоа да го направи, Пандев е пример, Пандев е фудбал! Уживање е да го гледате како игра“, изјави Балардини.