Дома Топ вести Ако овие информации се точни ПСЖ за Нејмар бара премногу

Ако овие информации се точни ПСЖ за Нејмар бара премногу

Веќе долго време траат шпекулациите околу трансферот на Нејмар, но работите засега како да стојат во место.

Бразилецот во 2017 година за сума од 222 милиони евра премина од Барселона во Пари Сен Жермен, а сега тој клуб сака да ја добие истата сума назад.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Нејмар минатата сезона имаше проблеми со повредите поради што отсуствуваше многу во вториот дел од сезоната, а после завршувањето изрази желба да го напушти Париз.

Набрзо влезе во конфликт со луѓето во клубот, а со тоа што не се појави на припремите јасно покажа која е неговата намера.

На големо се пишува за негово враќање во Барселона. Барселона се обидуваше во трансферот на враќањето на Нејмар да ги вклучи Фелипе Кутињо и Осман Дембеле, меѓутоа Французите не се согласија.

Доколку Барселона го понуди Иван Ракитиќ и одредена сума на пари можеби тогаш клубот од Париз ќе ја прифати таа понуда со оглед дека „светците“ покажуваа интерес за Хрватот.

Се очекува во наредните денови двата клуба да влезат во посериозни преговори, а до тогаш Барселона ќе се обиде да продаде некои играчи ако сака да го врати Нејмар бидејќи очигледно ПСЖ очекува добро да заработи од продажбата на Бразилецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал фаворит за потписот на Шешко

Арсенал сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантастичниот…