Дома Фудбал Ако ова не е дефиниција за тимски гол, тогаш што е?

Ако ова не е дефиниција за тимски гол, тогаш што е?

Во овој момент екипата на Тотенхем игра во животна форма и се наметна како сериозен кандидат за титулата во Премиер лигата.

Иако во овој клуб пред почетокот на сезоната не му се даваа многу шанси покрај Сити, Ливерпул и Челси, Спарси после 19 одиграни кола се второпласирана екипа на табелата.

Во последните пет дена, Тотенхем одигра два натпревари на кои постигна 11 погодоци. Прво во неделата Спарси го совладаа Евертон со 6:2, а во вторникот Борнмут со 5:0.

Во првиот споменат натпревар Тотенхем направи нешто што ретко се гледа во фудбалот. Во акцијата кога гол постигна Ериксен учестуваа сите 11 фудбалери, вклучувајќи го и голманот Лорис.

Беше тоа само една од низата акции кои Тотенхем ги направија на последните два натпревари, но оваа е со сигурност најдобрата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Матета во петгодишен правен спор: Поранешниот адвокат бара 540.000 евра

Поранешниот застапник на напаѓачот на Кристал Палас бара исплата поврзана со договорот во …