Примарна цел на Антонио Конте во зимскиот преоден рок е доведување на напаѓач бидејќи не може да се потпре до крајот на сезоната само на Алваро Мората.
Примарна цел на „сините“ е Един Џеко, меѓутоа преговорите не одат лесно и трансферот е далеку од реализација.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Еден од најдоврите напаѓачи во историјата на Премиер лигата, Ли Тисер во разговор за „Скај Спорт“ истакна дека трансферот на Џеко е од витално значење за Челзи и за остатокот од сезоната.
„Челзи би можел да загуби многу. Ако не го доведат Џеко до крајот на јануари, лесно може да се случи на крајот да не завршат меѓу првите четири тима на табелата. Тоа автоматски значи и заминување на Антонио Конте. Многу ќе загубат доколку не дојде Џеко, особено поради фактот што Мората не е во добра форма“. Заклучи Ли Тисер.
Од друга страна англиските медиуми тврдат дека раководството на Челзи е разочарано од Антонио Конте бидејќи постојано јавно ја критикува трансфер политиката на клубот.