Дома Трансфер зона Ако Зидан го замени Мурињо клубот ќе тргне по момчето кое блесна на Мундијалот

Ако Зидан го замени Мурињо клубот ќе тргне по момчето кое блесна на Мундијалот

Веќе со денови на големо се пишува дека Жозе Мурињо наскоро би можел да добие отказ во Манчестер Јунајтед и дека на негово место ќе пристигне Зинедин Зидан.

Мурињо веќе подолго време не е во најдобри односи со дел од играчите, а навивачите во анкетата на социјалните мрежи го означија како најголем виновник за ситуацијата во клубот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед со последниот пораз од Вест Хем (3:1) го забележа најлошиот старт во Премиер лигата во последните 29 години и веќе заостанува девет бодови во однос на Ливерпул и Манчестер Сити.

За многумина бодовното заостанување не е толкав проблем како самата игра на „ѓаволите“, па јасно е дека Португалецот е прв на удар.

Зидан наводно веќе води преговори со клубот, а медиумите во Британија веќе започнаа и да пишуваат како би изгледал тимот на Французинот. Според пишувањето на Островот, Зидан со себе има намера да доведе две засилувања.

Прва мета би бил Бенџамин Павар, фудбалерот кој блесна на Мундијалот во Франција и го постигна голот кој беше прогласен за најубав, додека втората желба е Кимпембе од Пари Сен Жермен.

Овие двајца би го засилиле бедемот пред Де Геа во јануари додека на лето јасно е дека би следувале големи промени.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн во Милан го најде наследникот на Ноер

Мајк Мењан е еден од најважните карики во Милан и се етаблираше во еден од најдобрите голм…