Mногу овие денови во јавноста се пишува за можноста Џанлуиџи Донарума да го напушти Милан.
Донарума има само 22 години, но во Серија А собра повеќе од 200 настапи. Договорот на италијанскиот голман истекува во јуни, а во овој момент преговорите помеѓу Милан и агентот на Донарума, Мино Раиола не одат баш во добра насока.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Преговорите се водат подолго време, меѓутоа двете страни не можат да дојдат до договор. Ситуацијата за Милан ја комплицира Јувентус кој нуди повеќе пари и поголема провозија за Раиола.
Донарума наводно има желба да остане во Милан, но парите може да го натераат да направи „предавство“ и да премине во Торино во редовите на големиот ривал.
Според актуелниот договор Донарума заработува шест милиони евра по сезона и понудата од Милан за петгодишна соработка е осум милиони евра. Јувентус му нуди повеќе, 10 милиони евра по сезона и дополнителен бонус за потпис, како за Донарума така и за Раиола.
Поради ваквата ситуација во Милан не седат во скрстени раце и се во потрага по голман кој би можел да го наследи. Наводно една од метите Мајк Маигнан од Лил.
25 годишниот голман брани одлично и најзаслужен што Лил е лидер во француското првенство, во досегашниот дел од Ла ЛИга прими 20 голови и на дури 18 успеа да ја зачува својата мрежа.
Милан за Французинот би можел да плати 18 милиони евра, а се шпекулира дека му е спремен договор со плата од три милиони евра.