Дома Фудбал „Ако го победиме ПСЖ ќе купам пица за 1000 луѓе“

„Ако го победиме ПСЖ ќе купам пица за 1000 луѓе“

Аталанта вечерва за првпат во својата историја ќе игра четвртфинале во Лигата на шампионите.

Тимот од Бергамо испишува историја со златни букви, а сега пред нив е огромен предизвик, ПСЖ.

Со оглед на тоа како играа оваа сезона никој не може да ја отпише Аталанта, а фудбалерот на овој тим Мартен Де Рон даде интересно ветување.

„Ако го победиме ПСЖ ќе купам пица за 1000 луѓе“, вети Де Рон.

ПСЖ секако е фаворит, меѓутоа Аталанта ќе има голем мотив вечерва да направи уште едно чудо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вушковиќ ги надмина Ван Дајк и конкуренцијата: На 19 години е прв во дуелите

Младиот стопер на Брајтон има највисока оценка за дуели според еден напреден статистички п…