Дома Македонски спорт Мак фудбал Академија Пандев: Победата е чиста како солза, ако имавме моќ за притисок немаше да се бориме за опстанок!

Академија Пандев: Победата е чиста како солза, ако имавме моќ за притисок немаше да се бориме за опстанок!

Откако Академија Пандев ја елиминираше Македонија Ѓорче Петров и се пласираше во финалето на Купот на Македонија од таборот на „лавовите“ имаше реакција.

Од Ѓорче се пожалија на судењето, а од таборот на струмичани не останаа без одговор. Соопштението од Академија Пандев објавено на социјалните мрежи ви го пренесуваме во целост.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Денешнава прозивка од нашите спортски пријатели од редовите на ФК Македонија Ѓ.П е причината која не не остави рамнодушни и поради која моравме да реагираме, а се со цел за подобар и поквалитетн македонски фудбал, но секако и самата јавност да ја процени вистината. Ние како раководство на ФК Академија Пандев сме должни да обезбедиме оптимални услови, опкружување и подршка на секој наш фудбалер, секогаш фудбалерите кај нас се на прво место и затоа ќе кажеме: Победата на нашите момчиња е чиста како солза и заслужено се во финалето на купот! Ако ФК Академија Пандев имаше моќ да прави притисок сега ќе беше трето место на табелата во ПМФЛ, а не да се бори за опстанок. Во рок од еден месец тимот на ФК Македонија Ѓ.П има три порази од ФК Академија Пандев, два првенствени и еден во купот. Еден пораз можеби би бил случаен, но по три порази за толку кратко време ? Би им препорачале на аналитичкиот сектор на ФК Македонија Ѓ.П да се сврти кон нивниот тим, и кај нив да си ги бараат причините за поразите. Честитки за борбеноста и залагањето на нашите фудбалери и за радоста после постигнатите голови. Нас како тим ниту не интересира дали „капчето е на глава“, ниту дали е „вратата на тунелот отворена“. Доколку на некого му ги расипавме “ сметките и договорите” за крајниот епилог на табелата и куп завршницата иако не сме должни Ви се “извинуваме”. За нас нашиот тим е наша светост, ние немаме друга фудбалска опција, а и не прифајќаме “сомнителни” преговори и договори. За крај ако на некого му пречи што ФК Академија Пандев бара правда, порачуваме дека ни на крај памет не ни паѓа да се откажеме“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Женските фудбалски надежи ќе учествуваат на УЕФА турнир во БиХ

Младата женска репрезентација на Македонија до 16 години во периодот од 16 до 24 април уче…