Дома Фудбал Репрезентации Азар: Ставам крај на репрезентативната кариера

Азар: Ставам крај на репрезентативната кариера

Еден Азар објави дека повеќе нема да игра за репрезентацијата на Белгија, настапите на Светското првенство за него беа последни во репрезентативниот дрес.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Преку социјалните мрежи Азар ја соопшти својата одлука.

„Денес се врти нова страница…Ви благодарам за вашата љубов и голема поддршка. Ви благодарам за среќата споделена од 2008 година. Одлучив да ставам крај на мојата репрезентативна кариера. Ќе ми недостасувате“, објави Азар.

Ваквата одлука на Азар можеби е и очекувана затоа што тој беше еден од оние фудбалери кои во репрезентацијата настапуваа на „стара слава“ без некоја посебна форма на клупски план.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Погледнете што објави Роналдо по поразот на Хрватска

Португалија обезбеди пласман во осминафиналето на Светското првенство откако синоќа ја сов…