Фудбалерот на Челзи, Калум Хадсон Одои и официјално се пресели на позајмица во Бундеслигата, во тимот на Леверкузен.




Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Челзи не сакаше да се откаже од Одои па затоа во неговиот договор нема опција за откуп на договорот по завршувањето на позајмицата.




Своевремено голем интерес за Одои покажуваше Баерн Минхен кој нудеше и 70 милиони евра, но потоа дојдоа повредите и формата на Одои тргна во надолна линија. Во Леверкузен ќе се обиде да ја врати старата форма на што се надеваат и во таборот на „сините“.




Во Леверкузен Одои ќе го носи дресот со број 17.
Say hello to our new 1⃣7⃣! @Calteck10 #Bayer04 pic.twitter.com/5u51JlNcXh
— Bayer 04 Leverkusen (@bayer04_en) August 30, 2022