Дома Трансфер зона Челзи не го пушти во Баерн за 70 милиони евра, а сега се сели во Леверкузен на позајмица

Челзи не го пушти во Баерн за 70 милиони евра, а сега се сели во Леверкузен на позајмица

Калум Хадсон-Одои своевремено беше голема желба на Баерн Минхен, германскиот гигант испраќаше неколку понуди, но Челзи не попушташе и го задржа во своите редови.

Но, формата на младиот фудбалер не се развиваше како што се очекуваше и одеше во надолна линија, па сега може да ги напушти „сините“, меѓутоа само на позајмица.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во Челзи се уште веруваат дека со настапи во континуитет Одои може да се врати на вистинскиот пат, па затоа ќе го испратат на позајмица.

Според последните информации Челзи е во завршни преговори за позајмица на Одои во Бундеслигата во тимот на Баер Леверкузен. Договорот за позајмица не би вклучувал опција за откуп.

Кога Одои го играше најдобриот фудбал понудите на Баерн се искачуваа и до 70 милиони евра. Ќе видиме сега дали во друг германски клуб може да ја врати старата форма.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал и ПСЖ се „тепаат“ за големиот аргентински талент

Реал Мадрид и ПСЖ покажуваат сериозен интерес за големиот аргентински талент на Ривер Плат…