Дома Фудбал Лига на шампиони АЕК казнет поради тоа што навивачите на Баерн плаќале скапи влезници

АЕК казнет поради тоа што навивачите на Баерн плаќале скапи влезници

aek

Грчкиот фудбалски АЕК од Атина ќе биде казнет бидеќи во октомври продавал влезници по поголема цена за навивачите на Баерн Минхен во Лигата на шампионите.

Гостите за влезниците плаќале по 35 евра, а домашните фанови по 15 за натпреварот во кој германскиот гигант славеше победа од 2:0.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според правилата на УЕФА гостите го плаќаат истиот износ како за најефитниот сектор на останатите трибините, а од АЕК очигледно не се придружувале до ова праволо.

Поради тоа ќе бидат казнети од Дисциплинската комисија на УЕФА. Минатата сезона Андерлехт беше казнет за иста ситуација, интересно и тие ги зголемија цените кога Баерн гостуваше во Брисел минатата сезона.

Тогаш германските навивачи плаќале по 100 евра за влезница, додека домаќините по 30, подоцна Андерлехт мораше да им ја врати разликата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Билд: Ова е тајниот список на Баерн со играчи кои сакаат да ги донесат

Во тековната сезона, за прв пат по 12 години, Баерн остана без ниту еден трофеј. Во Бундес…