Дома Македонски спорт Мак фудбал Адеми дефинитивно отпадна за Норвешка!

Адеми дефинитивно отпадна за Норвешка!

Македонските репрезентативци се подготвуваат за пријателски натпревар на арената „Филип Втори“ каде во сабота ќе гостува селекцијата на Норвешка.

Селекторот Игор Ангеловски, дефинитивно нема да може да смета на Аријан Адеми. Фудбалерот на Динамо Загреб заработи повреда на еден од тренинзите на хрватскиот клуб, по што ќе мора да остане во Загреб и да прави детални прегледи околу повредата.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ангеловски дополнително ги повика Кире Маркоски и Анес Османовски, а не планира да повикува нови играчи на местото на Адеми.

„Сакаме да постигнеме победа на дуелот со Норвешка и со успех да ја завршиме 2017 година. Имавме добри натпревари во вториот дел од сезоната и ќе дадеме максимум за уште една победа. Со добрите игри се врати и добрата атмосфера“, изјави Ферхан Хасани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

ФК Вардар: Историјата ќе памети кој не избрка од Градски!

Oд редовите на Вардар денеска преку социјалните мрежи ја информираа јавноста дека клубот д…