Македонскиот селектор Раул Гонзалес во својата најава за овој натпревар посочи дека Шпанците сигурно ќе ризикуваат со Хулен Агинагалде кој одигра само десет минути на претходните два натпревари, но сега информациите кои пристигнуваат од самиот играч не се воопшто оптимистички околу неговата здравствена состојба.
Искусниот пикер потенцира дека не станува збор само за удар, туку за хронична повреда на кичмата која го оневозможува да ги прави посакуваните движења.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
– Ако беше само обична болка, веќе ќе тренирав со соиграчите и ќе играв. Станува збор за нешто покомплицирано, имам проблеми со ’рбетот кои ми оневозможуваат да ги имам посакуваните движења. Иако состојбата е подобра по третманите кои ги добивам, не знам во каква состојба ќе бидам за да настапам. Ќе видиме пред натпреварот – изјави Агинагалде