Тиаго Силва важи за еден од најдобрите дефанзивци во светот, но во последно време се почести се шпекулациите дека Бразилецот би можел да го напушти ПСЖ на крајот на сезоната.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Агентот на дефанзивецот откри дека не постојат преговори за продолжување на соработката со „светците“ и дека многу клубови се интересираат за потписот на Тиаго Силва.
„Во моментов нема никакви преговори за продолжување на соработката. Ќе седнеме да преговараме во декември и ќе видеме што ќе се случи. Многу клубови се интересираат за Тиаго“, истакна агентот.
„Доколку не го продолжи договорот на крајот на сезоната ќе биде слободен да избере нов клуб. Не е тајна дека Тиаго го носи Милан во срцете и можно е повторно да се врати на Сан Сиро“, додаде агентот на Тиаго Силва.