Дома Фудбал Англија Агентот тврди: Клоп нема да го напушти Ливерпул

Агентот тврди: Клоп нема да го напушти Ливерпул

Агентот на Јирген Клоп, Марк Кошицке ги отфрла шпекулациите на германските медиуми дека Јирген Клоп има намера да си замине од Ливерпул на крајот на сезоната.

Иако во медиумите се појавија голем број шпекулации за иднината на Клоп и се зборуваше за негова оставка, сепак такво нешто нема да се случи.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Црвените“ играат под очекувањата оваа сезона и моментално се на 9-то место на табелата во Премиер лигата, иако беа едни од најголемите фаворити за титулата.

„Можам да ви гарантирам дека Јирген Клоп не планира да си даде оставка во Ливерпул. Тоа што можеби има проблеми ова сезона поради интензивната измината сезона беше искалкулирано пред стартот на сезоната од сопствениците на клубот. Јирген има целосна поддршка и е во постојан контакт со управата. Го сака клубот, тимот и фановите и е подготвен да се бори за трансформација н Ливерпул. Токму затоа го продолжи договорот до 2026 година“, изјави Кошицке.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Дерби на денот: Германски тест за арапските милиони

Денес во фокусот ќе биде вториот полуфинален дуел од Лигата на шампиони помеѓу Борусија До…