Дома Трансфер зона Агентот потврди: Кутињо сака да се врати во Премиер лигата

Агентот потврди: Кутињо сака да се врати во Премиер лигата

Филипе Кутињо сака да се врати во англиската Премиер лига, потврди неговиот агент Киа Јорабчијан, но додаде дека сите опции се отворени за иднината на фудбалерот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Кутињо во моментов е на позајмица од Барселона во Баерн, но Германците немаат намера да го откупат и тој ќе се врати на „Камп Ноу“ летово. Сепак, за него нема повеќе место во Барселона која сака да го продаде.

Има голем интерес за Бразилецот од Англија, при што се споменуваат екипите на Челзи, Арсенал и Манчестер Јунајтед.

„Не е тајна дека сум обожавател на Арсенал, но немам претензии каде ќе одат играчите. Јас не се обидувам да туркам никого кон одреден клуб. Премиер лигата е шампионат каде тој уживаше да игра и веројатно ќе се врати еден ден. Прашање е кои ќе бидат финансиските услови на сите клубови по крајот на пандемијата“, изјави агентот на Бразилецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…