Дома Трансфер зона Агентот потврди, Кутињо преговара со Милан

Агентот потврди, Кутињо преговара со Милан

Милан после неколку години се врати во Лигата на шампиони и е активен на трансфер пазарот.

После заминувањето на Чалханоглу и тоа во градскиот ривал Интер, „росонерите“ веднаш тргнаа во потрага по негова замена.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанските медиуми пренесуваат дека прва желба е ѕвездата на Барселона, Филипе Кутињо, кој е на излезна врата од „Камп Ноу“.

Барселона сака да го продаде за да се ослободи од неговата висока плата и да спаси дел од големите бонуси кои треба да му ги плати на Ливерпул.

Агентот на Бразилецот потврди дека започнал преговори со „росонерите“. Меѓутоа, за реализација на трансферот Кутињо треба да прифати помала плата на „Сан Сиро“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…