Дома Фудбал Агентот на Хакими: Зидан е виновен за трансферот!

Агентот на Хакими: Зидан е виновен за трансферот!

Ашраф Хакими минатата сезона играше на позајмица во Борусија Дортмунд, каде се етаблираше во еден од најдобрите десни бекови во Европа.

Пред неколку месеци го продолжи договорот со Реал Мадрид, а пред неколку дена беше продаден во Интер за 40 милиони евра плус 5 милиони како бонуси.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Агентот на 23-годишниот Мароканец, Алехандро Камано, го обвини тренерот Зидан за неговото заминување од Реал Мадрид.

„Зидан е виновен за трансферот на Хакими во Интер. Тој мора да објасни зошто никогаш не го повика Хакими. Не сметам дека враќањето во Реал ќе беше добро, но требаше да му дадат шанса“, изјави Камано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Покетино за дебаклот: Срам? Тоа не е вистинскиот збор…

Фудбалерите на Челзи доживеаа вистинска шлаканица од големиот градски ривал Арсенал во вче…