Дома Фудбал Англија Агентот на Стерлинг додатно ги разгоре шпекулациите за спектакуларното враќање во Ливерпул

Агентот на Стерлинг додатно ги разгоре шпекулациите за спектакуларното враќање во Ливерпул

Вчера еминентниот спортски весник „Екип“ лансираше „бомба“ и пренесе дека во Ливерпул размислуваат да испратат сензационална понуда за ѕвездата на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг.

Стерлинг е спремен да го напушти Манчестер Сити доколку остане на сила казната на „граѓаните“ за неиграње во Лигата на шампиони во следните две години.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тој неодамна и јавно призна дека нема ништо против да се врати во Ливерпул, клуб каде ја доживеа фудбалската афирмација.

„Екип“ тврди дека Стерлинг е отворен за враќање на „Енфилд“ и покрај фактот што таму е омразен поради начинот на кој го напушти клубот во 2015 година.

Денес на оваа тема се огласи и агентот на Стерлиг и додатно ги разгоре шпекулациите.

„Иако има договор со Манчестер Сити, Стерлинг не го заборавил Ливерпул бидејќи таму израсна како човек и фудбалер. Вистина дека имаше многи искри кога замина, но од тогаш помина многу време. Мислам дека се е можно“, изјави агентот на Англичанецот.

Ливерпул ќе треба сериозно да го одврзи кесето доколку сака да го врати Стерлинг со оглед на фактот што неговата цена моментално се проценува на 160 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ливерпул има нов фаворит за наследник на Клоп

Тренерот на Феенорд, Арне Слот, е новиот фаворит за тренерската позиција во Ливерпул, прен…