Дома Трансфер зона Агентот на Кутињо: Време е Барселона да ја каже вистината за мојот играч

Агентот на Кутињо: Време е Барселона да ја каже вистината за мојот играч

Киа Јорбачијан, агентот на Фелипе Кутињо изрази несигурност за иднината на неговиот клиент во Барселона, а најмногу го загрижува потенцијалниот трансфер на Нејмар.

Тој сериозно се сомнева дека Барселона би можела да го изневери неговиот клиент и да го стави на трансфер листата иако тие му ветиле дека Кутињо ќе остане на „Камп Ноу“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Генералниот менаџер на Барселона, Пеп Сегура ми вети дека нема да го продаде Кутињо ова лето. И тој и претседателот ми го кажаа истото. После тоа одлучивме да не излегуваме на пазарот и затоа нема никакви понуди“, изјави Јорбачијан.

Потоа тој изрази и несигурност.

„Советникот на Барселона во Бразил сака да го вклучи Кутињо во договорот за Нејмар, го знам тоа. Досега молчев, но нема да дозволам Барселона да лаже. Време е клубот јавно да ја каже вистинсата за мојот играч“, изјави агентот на Кутињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Левандовски: Зошто би заминал од Барселона?

Полскиот напаѓач, Роберт Левадовски порача дека не размислува за заминување од Барселона, …