Челзи спрема понуда за напаѓачот на Барселона, Осман Дембеле и сака да го донесе до крајот на преодниот рок.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Французинот одби да го продолжи договорот со каталонскиот клуб, па Барселона го исфрли од тимот и му порача да си најде нов клуб до крајот на преодниот рок.




Англиските медиуми пренесуваат дека агентот на Дембеле, Муса Сисоко бил во Лондон на клучни преговори со Челзи.




„Сините“ веќе имаат договор со играчот, па ќе направат обид да се договорат со Барселона за да го комплетираат трансферот до крајот на преодниот рок.




Доколку не успеат да се договорат со Каталонците, Челзи ќе го доведе Дембеле на крајот на сезоната како слободен агент.
Томас Тухел одлично го познава Французинот, а Дембеле повторно сака да работи со германскиот стратег.