Aгентот на Даглас Коста тврди дека Маурицио Сари го блокирал трансферот на Бразилецот во Манчестер Јунајтед.
Бразилскиот репрезентативец беше блиску до трансфер во Манчестер Јунајтед, но со доаѓањето Сари на местото на Алегри, Коста остана во Јувентус.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Новиот менаџер на Јувентус одлучи да го задржи крилниот играч и покрај тоа што поранешниот фудбалер на Баерн не играше многу во ЈУвентус минатата сезоната.
Џовани Бранчини, агентот на крилниот фудбалер тврди дека Манчестер Јунајтед ова лето бил силно заинтересиран за Коста, но Сари го стопирал неговиот трансфер.
„Интересот од Манчестер Јунајтед беше голем, тие го следат Даглас долго време. Не беа единствениот тим, но беа најсериозни. Требаше да се пресели кај нив, меѓутоа Сари не дозволи тој да го напушти клубот“, откри Бранчини.
На крајот Јунајтед место Коста го купи Даниел Џејмс од Свонси кој прикажува навистина добри настапи во Премиер лигата.