Еминентните адвокати од Австралија, Џастин Квил и Дејвид Галбали очекуваат позитивен развој на ситуацијата по повод жалбата на Новак Ѓоковиќ.
Квил смета дека на Ѓоковиќ ќе му биде дозволено да игра на Австралија Опен со привремен судски налог.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Најдобриот тенисер во светот веќе 5-ти ден е затворен во емиграциски карантин, откако му беше одземена австралиската виза.
„Претпоставувам дека судијата ќе даде привремен судски налог, практично привремена одлука за процесот за депортација да се стопира, а потоа да ги сослушаат страните во ситуацијата. Како што знаете судењата се бавни. Очекувам за брзо решавање на случајот двете страни да постигнат договор“, изјави Квил.
„Неговиот аргумент е едноставен. Се работи за тоа дека тој направил се што било побарано од него за да добие виза. И таа виза му е издадена во согласност со се тоа што му е дадено во текот на пријавувањето и требало да биде доволно за тој да остане тука. Тој поминал пат, потрошил пари за да дојде и затоа треба да му дозволат да игра“, вели адвокатот Галбали.