Aвстралиската влада ја прошири истрагата против Новак Ѓоковиќ откако српскиот тенисер призна дека заразен се шетал во јавноста.
Порталот „The Age“ објави дека службеници на министерството ги разгледуваат прекршувањата на правилата на Ѓоковиќ во Србија, неточните информации кои ги дал на полицајците при влезот во Австралија и непоклопувањето на датумот за тестирање на ковид.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Поради сето тоа посебно поради лажниот исказ за патување првиот тенисер може да се соочи со сериозна казна. За ваков прекршок во Австралија може да се добие и до пет години затвор.
Министерот за емиграција Алекс Хок се уште не донел одлука дали ќе ја укине визата на Ѓоковиќ, тој ја одложил одлуката откако Новак објави самиот дека заразен шетал меѓу луѓето. Министерот може да му ја укине визата затоа што Ѓоковиќ навел дека не патувал никаде во претходните 14 дена, а всушност бил во Шпанија.