Mиленикот на скопската публика, Илија Абутовиќ го одигра последениот натпревар за Вардар во поразот од Пари Сен Жермен.
Вардар и ПСЖ вчера го играа натпреварот за третото место на фајнал-фор турнирот во Келн, на крајот славеше францускиот клуб.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
По натпреварот изјава за популарниот портал „Balkan-Handball“ даде Илија Абутовиќ.
„Не беше лошо, но не беше како што очекувавме. Се спремавме долго време, но не бевме на нивото. Мислам дека денес против ПСЖ одигравме подобро отколку против Монпелје, но тоа е животот, мораме да продолжиме понатаму“.
„Поминав седум години во Вардар го засакав Скопје и Македонија, освоив многу трофеи. Не можав ниту да замислам дека ќе имам таков успех за седум години кога пристигнував“, изјави помеѓу другото Абутовиќ.
Абутовиќ од наредната сезона ќе го носи дресот на Рајн Некар Левен