Англиските медиуми пренесуваат интересни информации поврзани со Челзи и тренерот Антонио Конте.
Иако Италијанецот денес истакна дека сака до крај да го одработи својот договор, сепак сопственикот на Челзи Роман Абрамович не е задоволен од Конте и веќе спрема негова замена.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Медиумите во Англија тврдат дека готово сигурно тренер на „сините“ следната сезона ќе биде Луис Енрике, но неговото назначувањето може да се случи порано од предвиденото.
„Ако Луис Енрике е нареден тренер на Челзи, тогаш што се чека? Конте моменатлно не е среќен, клубот не е среќен со него. Луис Енрике е слободен и нема потреба да се одложува“, изјави еминентниот англиски новинар Мартин Самуел.
Енрике е без ангажман откако ја напушти Барселона и наводно се согласил да седне на клупата на Челзи, но прашање е дали ќе се согласи тоа да го направи среде сезона.