Тренерот на Абердин зборуваше дека ќе ги одби сите понуди за македонскиот репрезентативец Бојан Миовски најмалку до лето, сепак сега од Шкотска пристигнуваат поинакви најави.
Пред два дена се појави информација дека Стад Д’Рем е заинтересиран да го доведе Миовски во зимскиот преоден рок, а со оглед на тоа дека со 11 гола е на врвот на листата стрелци во Шкотска сигурно дека ќе се појават и други заинтересирани клуба.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во Премиер лигата на Шкотска Миовски на врвот е изедначен со хрватскиот репрезентативец Антонио Чолак од Глазгов Ренџерс. Последните информации од Шкотска се дека пет милиони евра ќе бидат доволни за Абердин да го продаде Миовски уште во јануари. Таа сума од пет милиони евра е осум пати поголема од она што летоска Абердин го плати на МТК.
Ќе потсетиме тренерот, Џуд Гудвин зборуваше дека очекува со ваквата игра Миовски да ги привлече гигантите од Премиер лигата Селтик и Глазгов, но и клубови од Премиер лигата.