Дома Македонски спорт Џудо клубот „Сеишин“ освои три медали на меѓународен турнир во Црна Гора

Џудо клубот „Сеишин“ освои три медали на меѓународен турнир во Црна Гора

0

Викендов во Никшиќ Црна Гора се одржа 9-ти Меѓународен Турнир во Џудо „Трофеј Никшиќ-2017“ во организација на Џудо Клубот „Оногошт“-Никшиќ ЦрнаГора.

На Турнирот учество зедоа околу 260 натпреварувачи од 7 држави: Црна Гора, Србија, Словенија, Босна и Херцегоцина, Хрватска, Косово и Македонија со околу 30 клубови.

Џудо Клубот СЕИШИН Прилеп на овој Турнир учество зеде со 2 натпреварувачи, а освоени се 3 медали (1 златен и 2 бронзени).

Имено Орде Трајкоски настапи во категорија Пионери -73 кг каде освои 1-во место и во категорија кадети -73 кг. каде освои 3-то место. Цинцароски Марио настапи во категорија Кадети +90 кг каде освои 3-то место. Екипата ја предводеа Дејан Џокоски и ветеранот Киро Здравески.


Следете го Sportski.mk и на


Џудо Клубот СЕИШИН е еден од најдобрите во Македонија и во наредниот период има покани за повеќе меѓународни турнири.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Ангеловски: Можевме во Словенија до три бода

Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Словенија освои бод, во квалификациите за…