Дома Останати Кошарка Џордан: Не можам да ја опишам болката, Коби ми беше како помлад брат

Џордан: Не можам да ја опишам болката, Коби ми беше како помлад брат

Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Мајкл Џордан останал во шок кога дознал дека Коби Брајант загинал во хеликоптерска несреќа.

Брајант секогаш велеше дека Џордан е неговиот пример, и дека многу потези “украл“ токму од него. Легендарниот кошаркар на ЛА Лејкерс загина вчера во хеликоптерска несреќа, а веста го погоди и славниот Џордан.

„Во голем шок сум поради веста за смртта на Коби и Џиџи. Не можам со зборови да ја опишам болката која ја чувствувам. Го сакав Коби бидејќи ми беше како помлад брат. Тој беше голем борец и еден од најголемите кои кошарката некогаш ги имала.“ – порача Џордан.

Да потсетиме, Брајант загина во хеликоптерска несреќа во близина на Лос Анџелес, а покрај него загинаа уште осум лица меѓу кои е и неговата 13-годишна ќерка Џиџи.

Причината за падот се уште не е позната, а полицијата напорно работи да дојде до нови информации околу тоа што се случувало пред големата трагедија.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Слушнете како Марјановиќ ги учи Американците да зборуваат српски (ВИДЕО)

Тимот на Далас на својот официјален профил објави видео во кое Бобан Марјановиќ ги учи сво…