Дома Трансфер зона Џампаоло во Милан го носи својот „миленик“ Патрик Шик

Џампаоло во Милан го носи својот „миленик“ Патрик Шик

0

Новиот тренер на Милан, Марко Џампаоло побарал од клубот да се обиде да го донесе неговиот „миленик“ Патрик Шик, со кого работеа заедно во Сампдорија, пишува „Газета дело спорт“.

Шик ја доживеа својата фудбалска афирмација токму под палката на Џампаоло во Самдоприја, па пред две години италијанските клубови буквално се „тепаа“ за него.

Рома успеа да ја победи конкуренцијата во Јувентус и Интер и за 32 милиони евра го донесе напаѓачот на „Олимпико“, но Чехот не ги оправда очекувањата.

Џампаоло смета дека Шик би бил идеален партнер во нападот на Пјонтек и дека повторно ќе блесне под негово водство на „Сан Сиро“.

Преговорите се уште се во рана фаза, а проблем е што Рома за неговата слобода бара сума помеѓу 30 и 35 милиони евра, која „росонерите“ не се спремни да ја платат.

„Газета дело Спорт“ тврди дека може да дојде до размена помеѓу Шик и Кутроне, но Милан не сака да се откаже од младиот Италијанец.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Абидал: Нејмар е во нашиот список, но не е приоритет!

Спортскиот директор на Барселона Ерик Абидал, во интервју за „Мундо Депортиво“ изјави дека…