Дома Фудбал Ќе се изненадите од платата на Јамал во Барселона, Де Јонг заработува неспоредливо повеќе

Ќе се изненадите од платата на Јамал во Барселона, Де Јонг заработува неспоредливо повеќе

Поголем дел од Европското првенство на кое Шпанија стигна до златниот медал, Ламин Јамал го одигра како 16-годишник, а 17 години наполни на денот пред финалето.

Блескаше тинејџерот тој месец и турнирот во Германија го заврши со четири асистенции и гол во полуфиналето. Исто така одлично игра и од почетокот на сезоната во Барселона каде што постигна три гола и додаде три асистенции. Барселона победи на сите пет натпревари од почетокот на сезоната.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Марка“ сега пренесува дека клубот му подготвува нов договор со важност до летото 2030 година, но исто така и откри колку заработува во овој момент. Платата на Јамал без бонуси изнесува 1.5 милион евра. Според „Капологи“ неофицијален извор за платата на фудбалерите Јамал има бруто годишно од 1.67 милион евра.

За споредба најголемата плата во клубот ја има Френки Де Јонг кој бруто заработува 37.5 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Колку Манчестер јунајтед е навистина лош откако го води Рубен Аморим?

Фудбалерите на англискиот четвртолигаш Гримсби Таун вчера приредија сензација победувајќи …