Парите за Њукасл нема да бидат проблем и затоа клубот ќе сака да се засили во јануари со цел да избегне испаѓање од Премиер лигата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Англиските медиуми пренесуваат дека Њукасл ќе има на располагање буџет од околу 200-300 милиони евра, а веќе започнале преговори со две ѕвезди на Манчестер Јунајтед, а тоа се Ентони Марсијал и Џеси Лингард.
Лингард е квалитетен фудбалер, но во Манчестер Јунајтед не добива голема минутажа, а неговиот договор истекува на крајот на сезоната.
Според информациите од Островот преговорите со Њукасл започнал и се разговара за договор на четири ипол години со двојно поголема плата од актуелната.
Слична е ситуацијата и со Марсијал, кој не е задоволен на „Олд Трафорд“ и веќе најави дека сака да направи трансфер во јануари.