Дома Трансфер зона Њукасл има нова мета, ѕвездата на Севиља

Њукасл има нова мета, ѕвездата на Севиља

Приоритет на Њукасл во зимскиот преоден рок ќе биде засилување на одбраната и доведување на врвен дефанзивец.

Прва желба беше дефанзивецот на Лил, Свен Ботман, но откако францускиот клуб ја одби и втората понуда, сега Њукасл ќе се насочи кон Диего Карлос од Севиља.

28-годишниот дефанзивец е на радарот на многу европски клубови, но Њукасл е спремен да ја победи конкуренцијата и веќе започнал преговори со неговиот агент.

Севиља за слободата на Бразилецот бара 50 милиони евра, а англискиот клуб нема да има проблем да ја плати таа сума.

Њукасл до сега ги комплетираше трансферите на Киран Трипие од Атлетико Мадрид и Крис Вуд од Барнли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Де Јонг го одбил Манчестер Јунајтед – сака да игра во Лигата на шампионите

Новиот тренер на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг пред себе ма тешка задача да го врати ти…