Дома Фудбал Њукасл го избрал новиот тренер?

Њукасл го избрал новиот тренер?

Неодамна Њукасл го отпушти Стив Брус, а од тогаш клубот и понатаму е без менаџер, меѓутоа сега од Островот се тврди дека новите сопственици го избрале новиот предводник.

Според последните информации, Унаи Емери ќе биде новиот шеф на стручниот штаб на англискиот премиерлигаш. Во овој момент Емери го води Виљареал, а наводно шпанскиот клуб се согласил да го пушти Емери за шест милиони евра оштета.

За Емери евентуалното преземање на Њукасл би било враќање во Премиер лигата каде што го водеше Арсенал со кој не се прослави.

Амбициите на Њукасл со новите сопственции се големи, меѓутоа првата задача на новиот стратег ќе биде да избори опстанок во Премиер лигата. Во овој момент тимот се наоѓа на претпоследното место на табелата и после 11 кола со четири освоени бодови и се уште чека на првата победа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Прилеп се простува од Ристо Глигороски, голгетерот што ги обележа Победа и Вардар

Ристо Глигороски почина на 76 години. Зад себе остави значајна голгетерска трага во Победа…