Дома Трансфер зона Љубовта на Игало кон Јунајтед ставена на тест – доби понуда која тешко се одбива!

Љубовта на Игало кон Јунајтед ставена на тест – доби понуда која тешко се одбива!

Англиските медиуми пишуваат дека напаѓачот Одио Игало кој во овој момент игра на позајмица во Манчестер Јунајтед добил понуда од клубот кој го поседува неговиот договор.

Според информациите од Островот Шангај Шенуоха му понудил договор вреден 400.000 фунти неделно и нема дилеми дека Нигериецот може да размислува за оваа понуда.


Топ 10 трансфери оваа зима! Кој потроши најмногу!? ↓↓↓


Игало во јануари дојде во Манчестер Јунајтед како засилување до крајот на сезоната. Одигра неколку одлични натпревари и се шпекулира дека Јунајтед ќе направи се што може да во целост да го откупи неговиот договор.

Сепак, кинескиот клуб очигледно не сака да го изгуби и на 30 годишниот напаѓач му понудил услови кои сосема сигурно нема да ги добие во Јунајтед.

Игало претходно зборуваше дека негов сон од детството е да заигра за славниот клуб од „Олд Трафорд“, па сега неговата љубов ќе биде на вистински тест.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Винисиус одбил да потпише нов договор

Винисиус ја одбил понудата на Реал Мадрид за продолжување на договорот, иако клубот му пон…