Пол Погба во март повторно ќе се врати на теренот откако ќе му заврши суспензијата, а како слободен агент ќе може да бара нов клуб.
Погба се врати во Јувентус во 2022 година, а потоа потпиша четиригодишен договор со торинскиот клуб за осум милиони евра по сезона. Откако беше суспендиран, тој не ја добива таа плата, туку добија само 2.000 евра месечно од Јувентус. Тој сака да остане во Јувентус, меѓутоа во клубот имаат други планови.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Јувентус спогодбено ќе го раскине договорот со Французинот и со тоа клубот ќе заштеди околу 30 милиони евра, вклучувајќи ги средствата што треба да му ги исплатат и бонусите кои беа договорени до летото 2026 година.