Бокс мечот помеѓу Џејк Пол и Нејт Дијаз кој се одржа во „Американ ерлјанс центарот“ по десет рунди заврши со победа на познатиот јутјубер.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Пол победи со одлука на судиите кои гласаа 97:92, 98:91 и 98:91 во негова корист. За Дијаз ова беше боксерско деби по разделбата со УФЦ. Уште во првата рунда Пол го нападна својот ривал и му зададе неколку сериозни удари, таа прва рунда веројатно беше и клучна.
По крајот на борбата двајцата си честитаа и Пол го покани Дијаз повторно да се сретнат, но сега во октагон. Пол веќе гради респектабилна кариера во боречките спортови затоа што има скор 7:1 и победуваше имиња како Андерсон Силва и Нејт Робинсон, а единствениот пораз му е со одлука на судиите од Тајсон Фјури.
JAKE PAUL DROPS NATE DIAZ LOOLL pic.twitter.com/zhC8mtu1Tl
— KingCharge (@KingChargeYT) August 6, 2023