Женската репрезентација на Македониај до 18 години за првпат забележа победа во четвртото коло од Челенџер купот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Денес беше победена Албанија со 61:49. Македонските кошаркарки добро го отворија натпреварот и ја добија првата четвртина со 18:12. До полувремето предноста се зголеми на 32:22.
И во второто полувремето следуваше иста слика на теренот, дури нашите девојки беа и подоминантни. Во еден момент Македонија водеше со 53:26. Со одличната последна четвртина Албанија успеа да избегне пораз и конечниот резултат гласеше 49:61.
Претходно во првите три натпревари нашите јуниорки беа поразени од Бугарија, Словенија и Украина.